Втора интерактивна, креативна, иновативна и аудиовизуелна работилница

Потпишан меморандум за соработка со основното училиште „Малина Попиванова”-Кочани
August 20, 2018
Шеста обука за фундаментални права
September 13, 2018

Втора интерактивна, креативна, иновативна и аудиовизуелна работилница

Во рамките на проектот „Сите сме дел од ова општество” имплементиран од здружението „Романо Вило”-Кочани,  грант на Национален Ромски Центар- Куманово и Паблик – Скопје, финансиран од страна на Делегацијата на Европска Унија се одржа и втората од трите најавени интерактивни, креативни, иновативни и аудиовизуелни работилници.

На работилницата која се одржа на 20.08.2018 година во хотел Але-Дар – Кочани присуствуваа 20 ученика, од двете основни училишта „Раде Кратовче” и „Малина Попиванова”, како и ученици од средното општинско училиште „Гошо Викентив”-Кочани.

За време на работилницата координаторот на проектот Љупка Анастасова ги сподели претходните и идните активности поврзани со реализацијата на проектот „Сите сме дел од ова општество”.

На оваа работилница учествуваше и експерт од областа на правото, г-ѓа Елизабета Илиева  која на креативен начин низ игра, цртање и заедничка дружба  ги запозна учениците со поимот дискриминација и видови на дискриминација.

Потоа, за време на работилницата учениците заеднички проследија и едукативен документарен филм на тема дискриминација. По завршувањето на филмот следеше дискусија.

Оваа работилница има за цел да ја покрене свеста на младите за нивното опкружување, да ги прифаќаат различните култури, религии, националности, како и да препознаат ситуации во кои би можеле да бидат дискриминирани.