Потпишан меморандум за соработка со основното училиште „Малина Попиванова”-Кочани

Барање за прибирање на понуди за хотели ресторани
August 10, 2018
Втора интерактивна, креативна, иновативна и аудиовизуелна работилница
August 24, 2018

Потпишан меморандум за соработка со основното училиште „Малина Попиванова”-Кочани

На ден 17.08.2018 година во 11:00 часот во просториите на основното училиште „Малина Попиванова ” – Кочани e потпишан меморандум за соработка помеѓу Здружение „Романо Вило”- Кочани претставувано од извршниот директор Серџат Идиќ и Благој Петров  директор на основното училиште „Малина Попиванова”- Кочани.

Целта на потпишувањето на  меморандумите за соработка е зајакнување на соработката помеѓу Здружението „Романо Вило”-Кочани, основното училиште „Раде Кратовче”-Кочани како и средното општинско училиште „Гошо Викентиев”- Кочани.

Со меморандумот за соработка се предвидува взаемна соработка, разбирање и помош помеѓу договорените страни, да се овозможи навремена и ефикасна подготовка за успешна имплементација на проектот „Сите сме дел од ова општество” финансиран од Делегацијата на Европската Унија и Национален ромски Центар-Куманово во партнерство со Здружение Паблик-Скопје.

Покрај потпишувањето на меморандумот на овие средби беа споделени и претходните и идните активности поврзани со реализацијата на проектот.