Потпишан меморандум за соработка со СОУ „Гошо Викентиев”- Кочани

Потпишан меморандум за соработка со ОУ „Раде Кратовче”- Кочани
June 14, 2018
Барање за прибирање на понуди за дизајн и печатење на постери и сертификати
June 19, 2018

Потпишан меморандум за соработка со СОУ „Гошо Викентиев”- Кочани

На ден 18.06.2018 година во 10:00 часот  во просториите на средното општинско училиште “Гошо Викентиев” – Кочани e потпишан меморандум за соработка помеѓу Здружение Романо Вило- Кочани претставувано од извршниот директор Серџат Идиќ и Николчо Јакимов заменик директор на средното општинско училиште “Гошо Викентиев”- Кочани.

Целта на меморандумот за соработка е зајакнување на соработката помеѓу Здружението “Романо Вило” и средното општинско училиште “Гошо Викентиев”- Кочани.

Со меморандумот за соработка се предвидува взаемна соработка, разбирање и помош помеѓу договорените страни, да се овозможи навремена и ефикасна подготовка за успешна имплементација на проектот “Сите сме дел од ова општество” финансиран од Делегацијата на Европската Унија и Национален ромски Центар-Куманово во партнерство со Здружение Паблик-Скопје.

Покрај потпишувањето на меморандумот на оваа средба беа споделени претходните и идните активности поврзани со реализацијата на проектот.