Прва интерактивна, креативна, иновативна и аудиовизуелна работилница

Барање за прибирање на понуди за хотели и ресторани
July 3, 2018
Барање за прибирање на понуди за набавка на материјали за учесници
August 1, 2018

Прва интерактивна, креативна, иновативна и аудиовизуелна работилница

 

Во рамките на проектот „Сите сме дел од ова општество” имплементиран од здружението „Романо Вило”-Кочани,  грант на Национален Ромски Центар- Куманово и Паблик – Скопје, финансиран од страна на Делегацијата на Европска Унија се одржа првата од трите најавени интерактивни, креативни, иновативни и аудиовизуелни работилници.

На работилницата која се одржа на 10.07.2018 година  во хотел Але-Дар – Кочани присуствуваа 20 ученика, од двете основни училишта „Раде Кратовче” и „Малина Попиванова”, како и ученици од средното општинско училиште „Гошо Викентив”-Кочани.

За време на работилницата координаторот на проектот Љупка Анастасова ги претстави целите и активностите на проектот „Сите сме дел од ова општество”.

На оваа работилница учествуваше и експерт од областа на правото, г-ѓа Елизабета Илиева  која на креативен начин низ игра, цртање и заедничка дружба  ги запозна учениците со основните човекови права.

Она што им беше потенцирано на учениците за време на работилницата  е да станат свесни дека тие се раѓаат со права што треба непречено да ги уживаат и во случај на нивно прекршување да знаат каде и како да ги заштитат. Потребно е да ги запознаат своите права, каде и како да ги остварат, но и да бидат свесни за својата одговорност.

Потоа, за време на работилницата учениците заеднички проследија и едукативен документарен филм на тема човекови права. По завршувањето на филмот следеше дискусија.

Со одржување на една ваква работилница се очекува да се постигнат позитивни промени во општеството.