Средба со ОУ,,Малина Попиванова”-Кочани

Петта обука за фундаментални права
April 10, 2018
Средба со СОУ,,Гошо Викентиев”-Кочани
May 15, 2018

Средба со ОУ,,Малина Попиванова”-Кочани

На ден 19.04.2018 година(четврток) во 13:00 часот  во просториите на основното училиште “Малина Попиванова” – Кочани се одржа средба со директорот  Драги Рашков.  На оваа средба беше претставен проектот ,,Сите сме дел од ова општество” ,финансиран од Делегацијата на Европската Унија и Национален Ромски Центар- Куманово во партнерство со Здружение Паблик- Скопје. По претставувањето на проектот  од страна на координаторот  Љупка Анастасова следеше дискусија. Директорот се согласи со нас дека со имплементирање на еден ваков проект ќе се постигнат позитивни промени во општеството во кое живееме. Со учеството, учениците од оваа училиште ќе се стекнат со поголеми знаења во делот на човекови права, форми на дискриминација, постојни институции и механизми за заштита на нивните права.