Средба со ОУ,,Раде Кратовче”-Кочани

Четврта обука за фундаментални права
November 16, 2017
Сите сме дел од ова општество
March 25, 2018

Средба со ОУ,,Раде Кратовче”-Кочани

На ден 13.04.2018 година во 14:00 часот  во просториите на основното училиште “Раде Кратовче” – Кочани се одржа средба со директорот  Благој Давитков и Марија Филипова – педагог во истото училиште. На оваа средба беше претставен проектот ,,Сите сме дел од ова општество” финансиран од Делегацијата на Европската Унија и Национален Ромски Центар-Куманово во партнерство со Здружение Паблик-Скопје . По претставувањето на проектот ,,Сите сме дел од ова општество” од страна на координаторот Љупка Анастасова  следеше дискусија. Со големо задоволство прифатија да учествуваат и бидат дел од нашиот проект  ,,Сите сме дел од ова општество” се со цел  учениците кои ќе бидат опфатени од ова училиште се стекнат со поголеми знаења во делот на човекови права, форми на дискриминација, постојни институции и механизми за заштита на нивните права. Се согласија со нас дека со имплементирање на еден  ваков проект  ќе се постигнат позитивни промени во општеството во кое живееме.