Средба со СОУ,,Гошо Викентиев”-Кочани

Средба со ОУ,,Малина Попиванова”-Кочани
April 20, 2018
Барање за прибирање на понуди
May 28, 2018

Средба со СОУ,,Гошо Викентиев”-Кочани

На ден 14.05.2018 година во 11:00 часот во просториите на средното општинско училиште “Гошо Викентиев” – Кочани се одржа средба со директорот Гоце Савев. На оваа средба беше претставен проектот ,, Сите сме дел од ова општество”, финансиран од Делегацијата на Европската Унија и Национален Ромски Центар-Куманово во партнерство со Здружение Паблик- Скопје. По претставувањето на проектот  од страна на координаторот Љупка Анастасова  следеше дискусија. Директорот со големо задоволство прифати нивни  ученици да бидат дел од нашиот проект  ,,Сите сме дел од ова општество” се со цел  учениците кои ќе бидат опфатени од ова училиште се стекнат со поголеми знаења во делот на човекови права, форми на дискриминација, постојни институции и механизми за заштита на нивните права. Се согласија со нас дека со имплементирање на еден  ваков проект  ќе се постигнат позитивни промени во општеството во кое живееме.