Тркалезна маса ,,Сите сме дел од ова општество”

Шеста обука за фундаментални права
September 13, 2018
Прва обука за партнерски организации и целната група вклучени во рамки на проектот „Социјална инклузија на ромски жители и повратници во Македонија
October 16, 2018

Тркалезна маса ,,Сите сме дел од ова општество”

 

Тркалезна маса

14.09.2018година

Во рамките на проектот „Сите сме дел од ова општество” имплементиран од здружението „Романо Вило”-Кочани,  грант на Национален Ромски Центар- Куманово и Паблик – Скопје, финансиран од страна на Делегацијата на Европска Унија се одржа и планираната тркалезна маса.

На тркалезната маса која се одржа во хотел Амор- Кочани присуствуваа 20 ученика, од двете основни училишта „Раде Кратовче” и „Малина Попиванова”, како и  ученици од средното општинско училиште „Гошо Викентив”-Кочани.

На оваа тркалезна маса учествуваше и експерт од областа на правото, г-ѓа Елизабета Илиева која ги запозна учениците со механизмите за спречување и заштита од дискриминација.

На тркалезната маса учествуваа и претставници од двете основни и едното средно општинско училиште, со цел за разменување на идеи за активности за подобрена социјализација на ромските деца во образовниот процес и зголемување на меѓусебното дружење помеѓу сите ученици, без разлика на нивната етничка припадност.

Со одржување на една ваква тркалезна маса се понудува можност учениците коишто припаѓаат на различни етнички заедници , коишто се со различен социо-економски статус и со различни способности и постигнувања да ја прошират соработката меѓусебе, и заеднички да учат и да го прошируваат знаењето за поимите човекови права и дискриминација.

За време на тркалезната маса, координаторот на проектот Љупка Анастасова им додели сертификати на учесниците во проектот „Сите сме дел од ова општество”, за нивно активно учество.