Социјална инклузија на ромски жители и Роми повратници во Македонија

Подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво
January 22, 2017
Неизмерна радост кај првачињата
January 25, 2017

Социјална инклузија на ромски жители и Роми повратници во Македонија

Моментално сме вклучени во проектот „Социјална инклузија на ромски жители и Роми повратници во Македонија” во соработка со Национален Ромски Центар од Куманово.

Период на имплементација: 01.06.2016 – 30.12.2018

Главна цел на проектот:

Намалување на сиромаштија и социјална исклученост на Ромите во Македонија

Проектната цел е насочена кон борба со сегрегација на Ромите и овозможување на реинтеграција

на ромски повратници мигранти во Македонија.

Активности:

6 ГО ќе работат во 6 градови за обезбедување на услуги (3 центри за пружање услуги и 3 отворени детски катчиња) кои ќе работат поконкретно на:

  • Пристап до фундаментални права (лични документи, домување, вработување, здравствена и социјална заштита, друго) – застапување во најмалку 180 управни постапки
  • Реинтеграција во формално образование, преквалификација, доквалификација и обуки
  • Инвентивни почетни бизниси и претприемништво
  •  Соработка со општини за локални стратегии
  • Обуки
  • Обезбедување на реинтеграција на 500 семејства и 800 деца во 6 градови

Донатор: Ние дејствуваме

Досега спроведени активности:

-доделени пакетчиња за децата од прво одделение.

-доделени пакети за новороденчиња од 2016 год.

-одржана обука за фундаментални права, родителство и родови прашања

-одржана обука за „Како до бизнис, бизнис идеја и бизнис модел”