Како млади активисти, членови, волонтери бевме дел од повеќе невладини организации. Секое членство во ново здружение ни носеше нов предизвик, искуство, успеси и неуспеси. Мотивацијата за да се формира „Романо вило“ произлегува од потребата на заедницата во нашиот град. Затоа нашата визија e подршка за развој на демократско општество во кое Ромите и други лица соочени со ексклузија од општеството се еднакви во правата и можностите, a мисија преку директна работа со луѓето и анализа на опкружувањето ќе се засили инклузијата почитувајќи ги сите еднакви пред законот и во средината каде живеат.

„Романо вило“ е основано на 03.05.2016 год.

Како новоформирано здружение има 20 членови од кои 5 члена се основачи, а останатите се членови на Собранието и други органи.

Во моментот имаме 3 волонтери кои што доаѓаат редовно и помагаат во работата.

Здружението се наоѓа ул. Цветан Димов бр.59 во Кочани.

Сектори на дејствување: Фундаментални права, образование, социјална инклузија на Роми жители и повратници во Македонија.

Визија

Поддршка за развој на демократско општество во кое Ромите и други лица соочени со ексклузија од општеството се еднакви во правата и можностите.

Мисија

Преку директна работа со луѓето и анализа на опкружувањето ќе се засили инклузијата почитувајќи ги сите еднакви пред законот и во средината каде живеат.